Home » Формиран новиот состав за Советот на ИКТ во правосудството

Формиран новиот состав за Советот на ИКТ во правосудството

by Журнал

Министерот за правда, Кренар Лога во текот на вчерашниот ден донел одлука за основање на нов Совет за координирање на информатичко- комуникациска технологија во правосудните органи кој ќе има 13 членови, информираат денеска од неговиот кабинет.

Советот за ИКТ има за цел дефинирање и имплементирање на политиките за информатичко-комунициска технологија во правосудство, како и следење, спроведување и ревизија на Стратегијата за ИКТ во правосудство.

– За членови на Советот се именувани: Влатко Милошевски – Јавно обвинителство-Скопје, Даут Рустеми-Апелационен суд Гостивар, за прв пат во советот има претставник од БЛУПРИНТ групата за реформи во правосудството , Александра Цветаноска од Здружение на млади правници, Иван Џолев-Основен Кривичен суд Скопје , Ислам Абази -ОЈОГОК, Сања Пандилов -Академија за судии и јавни обвинители, Сања Димовска-Министерство за правда, Анита Андоноска-Судски совет, Јелена Колева Догазанска-Совет на јавни обвинители, Ирина Трајкоска Стрезоска- Вишо Јавно обвинителство Битола, Шпенд Деваја- Врховен судија и член на Здружение на судии, Ѓорѓи Андонов-судија во Основен суд Штип, Наим Ферати-МИОА, информираат од Кабинетот на министерот Лога.

Составот на Советот, се вели во соопштението, е избран по претходни консултации со сите релевантни фактори и стручната јавност. Тој ја следи имплементацијата на Стратегијата за ИКТ во правосудството и Акцискиот план, ги дефинира и имплементира мерките и активностите за дигиталзиација на правосудството, учествува во подготовка на закони, други правни акти и презема мерки од областа на примената на ИКТ во правосудните органи. Мандатот на членовите е 2 години.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk