24.8 C
Skopje
Friday, September 17, 2021

Ford Focus RS (2021) со дури 400 KS!

Најчитани вести

Четвртата генерација на top gun компактниот модел од Келн (Köln) ќе има монструозно тунирана верзија на турбо бензинскиот мотор познатиот 2.3 Eco – Boost преземен од Mustang, со 48V меко – хибридна поддршка и погон на сите тркала (4×4)…

Какви се можностите на турбо бензинскиот моторот со четири цилиндри на Ford, со работен волумен од 2.3-литри со моќ од 317 KS знаеме од неговата имплементација во легендарниот Mustang, a во полнокрвна изведба тој мотор во Focus RS, развива моќ од 350 KS.

Сега експертите нагаѓаат дека во четвртата генерација на Focus RS би можел да испорачува ергеле од дури 400 KS!.

Трендовски ќе добие мек – хибриден систем од 48V (вати) во склоп на Start –Stop системот,  што преку погонот на сите четири тркала (4×4) со активен заден диференцијал, ќе му овозможи забрзување од 0д 0 до 100 km/h за импресивни во сегментот 4,3 секунди и постигнување на максимална брзина од 280 km/h.

Инаку, пристигањето на пазарот на најмоќната изведба на компактниот модел  на Ford се планира во текот на 2021 година.

Засега како би изгледала Top Gun верзијата на компактниот претставник од Келн може да се види на илустрациите изработени во студиото на познатиот X-Tomi Design.

Навистина импресивно може да се рече за креацијата што под хауба ќе крие моќна машина што ќе испукува ергеле од разиграни 400 тркачки ждребиња.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com