9.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

Ford Fiesta останува фаворит на Британците, голем пад на дизел изведбите

Најчитани вести

Автомобилскиот пазар во Велика Британија допрва ќе се соочи со предизвикот наречен Брегзит и се она што во вид на промени ќе донесе разделбата на земјата со Европската Унија, но дотогаш купувачите продолжуваат со веќе познатите навики.

Британците се под влијание и на се почестите најави за ограничувања и забрани за дизел возилата, па затоа и константно опаѓа интересот за изведбите со дизел мотор, а Ford Fiesta останува на врвот кога се во прашање новите регистрации.

Официјалните податоци од Асоцијацијата на автомобилски производители и трговци за месец октомври, но и за досегашниот тек на годината открива дека во изминатиот месец во Велика Британија биле купени 143.251 нов автомобил, а вкупно годинава е надмината бројката од 2 милиони нови примероци, со што тоа сепак значи намалување за 2,9 проценти.

Споменатиот негативен тренд за дизел изведбите е претставен преку споредбата на октомври во 2018 и 2019 година, при што годинава се продадени 28,3 проценти автомобили со дизел мотор, а пад има и кај бензинците (- 3,2%). Во првите десет месеци годинава, продажбата на дизел изведбите е намален за 21,2 проценти.

Британскиот бестселер Ford Fiesta завршил кај 5.138 нови купувачи во октомври, а го следат Nissan Qashqai (4.084), Volkswagen Golf (3.976), Mercedes A-Class (3.630) и Ford Focus (3.585).

Резултатите од јануари до октомври ја одржуваат Fiesta на врвот (69.702) со убедливо водство пред VW Golf (50.468), a во Топ 10 се уште и Ford Focus (49.517), Vauxhall Corsa (49.341), Mercedes A-Class (46.923), Nissan Qashqai (46.569), Mini (34.387), Ford Kuga (33.848), VW Polo (32.257) и Kia Sportage (30.815).

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com