17.8 C
Skopje
Monday, August 15, 2022

Ford ќе ја претстави седмата генерација на моделот Mustang за време на овогодинешниот саем во Детроит

Најчитани вести

Ford ќе претстави редизајнирана, седма генерација на Mustang за време на интернационалниот саем за автомобили кој ќе се одржи во септември во Детроит.

Производството на моделот, кој се развива под кодно име S650, се очекува да започне во првата половина од 2023 година. Се очекува да во понудата да бидат вклучени V8 EcoBoost мотори со четири цилиндри.

Сепак, менаџментот на американскиот гигант не сподели многу детали во врска со новиот Mustang: “Веќе објавивме дека седмата генерација на Mustang е во развојна фаза и со нетрпение го чекаме моментот кога ќе можеме да споделиме повеќе информации”, изјави Мајк Левајн, задолжен за односи со јавноста во Ford.

Тековната генерација, чие производство започна во 2015 година, е лидер во сегментот. Продажбите на Mustang во САД во 2021 (52,414 продадени примероци) беа помали за 14% споредено со претходната година. Пад од 18 проценти се забележува и во првите 6 месеци од годинава.

Сепак, Ford го смета овој модел за своја икона, во чиј животен циклус автомобилскиот производител додаде поголем број на изведби, вклучувајќи ги Shelby GT500 и Mach 1.

Ford минатиот месец најави дека новата генерација ќе продолжи да се произведува во истата фабрика во Мичиген.

Инаку, автомобилскиот саем во Детроит, кој ќе се одржи во втората половина на септември, ќе биде прв по пауза од 2 и пол години. Од организаторот на саемот веќе потрврдија присуство на 35 брендови.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com