Home » Ford претстави нова Puma ST

Ford претстави нова Puma ST

by Журнал.мк

Ford претстави нова Puma ST, која со најмоќната верзија со трицилиндарскиот EcoBoost 1.0 литарски мотор со 170 КС ќе овозможи Ford Performance искуство на возење со забрзување до стотка за 7,4 секунди и максимална брзина од 210 км/ч, со потрошувачка од 6,3 литри на 100 километри.

Со подобрена употреба на 48-волтната благо-хибридна технологија за испорака на 170 КС и вртежен момент од 248 Nm, 1.0 литарскиот EcoBoost мотор е комбиниран со менувач со седум брзини. 

Новиот погонски склоп во целост ја прифаќа ознаката Sports Technologies (ST), а користи иста технологија на активен издувен вентил како и 1.5 литарската Eco Boost Puma ST за зголемени перформанси и карактеристичната нота на ST моторот при забрзување.

Развиен за беспрекорна работа со 1.0 литарските EcoBoost Hybrid мотори, Ford Powershift менувачот со седум брзини е оптимизиран со ревидирани софтверски стратегии кои можат да ги оптимизираат перформансите и ефиканоста на Puma ST.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk