17.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

Ford го претстави првиот примерок на GT Studio Collection

Најчитани вести

Првиот Ford GT суперавтомобил со достапниот Studio Collection пакет е официјално претставен од страна на автомобилскиот производител

Прикажан во август 2020 година заедно со 2021 GT Heritage Edition, Studio Collection пакетите им овозможуваат на купувачите цел опсег на нови опции од кои ќе можат да бираат за да го трансформираат изгледот на својот автомобил. Пред се, Studio Collection вклучува графички пакет кој е резултат на соработката меѓу Ford Performance и Multimatic.

Првиот примерок на Ford GT Studio Collection е финиширан во Shadow Black боја и е украсен со привлечни Competition Orange акценти. Тука е вклучена и „тркачката лента“ која се протега од хаубата, преку покривот, се до задниот дел на суперавтомобилот, како и дополнителните портокалови акценти долж целата покривна линија и околу страничните отвори за воздух. Овој примерок исто така е поставен на црни тркала зад кои се наоѓаат црвените сопирачки.

GT Studio Collection

Ford ќе понуди само 20 примероци на GT Studio Collection моделот за 2021 моделската година, односно уште 20 за 2022 година. Купувачите можат да избираат меѓу седум стандардни бои, или пак, доколку сакаат да го зголемат својот буџет, можат да истражуваат со проширената палета со поголем избор.

Ford не откри колку треба да се плати дополнително за да се купи автомобилот GT преку Studio Collection во споредба со „обичниот“ примерок. Сепак, не би било ништо чудно да е поевтин отколку да се нарача Heritage Edition варијантата која вклучува карактеристични 20-инчни алуминиумски тркала со Heritage Gold финиш, специјален графички пакет и цел додаток на унапредувања во внатрешноста, вклучително црвени спортски седишта од Алкантара и анодизирани црвени лопатки за менување на брзините.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести