18.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

Фондот за иновации поддржал 314 компании

Најчитани вести

Со претставување на пет од редицата успешни приказни, Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) денеска ги презентираше остварените резултати во изминатите две и пол години. Како што истакна директорот на ФИТР Јован Деспотовски, „семејството“ во изминатиот период порасна и денеска брои 314 компании, 54 училишта и над 30 партнерски организации.

„За две години пораснавме 57 пати. Наследивме вложени еден милион евра и поддржани 35 компании, а денеска зборуваме за вкупен инвестициски обем во приватниот сектор од 57 милиони евра со поддржани 314 компании. Ги поттикнавме компаниите сами да вложуваат, од 57-те милиони евра, 34,9 ги обезбеди Владата со партнерите од Светска банка, а 22 милиони евра сами ги обезбедуваат компаниите“, рече Деспотовски.

На презентацијата што се одржа во Музејот на современа уметност Деспотовски кажа дека во рамки на поддржаните проекти ангажирани се над 1.000 луѓе, кои имаат просечна плата од над 700 евра. Финансиската поддршка, како што кажа, од максимални 30 илјади евра зголемена е на 325 илјади евра, а се поддржуваат проекти во над 20 индустрии, меѓу кои освен ИТ има и проекти во земјоделството, енергетиката, екологијата, машинството, производството на храна…

На презентацијата беше и премиерот Зоран Заев според кого, успешно е комплетирана мисијата на ФИТР во 2019 година. Тој изнесе податоци дека во 2015 година до ФИТР биле поднесени 158 апликации кои добиле вкупна поддршка од еден милион евра,а во 2019 година бројот на пријави е зголемен на 487 на кои им е доделена поддршка од 34 милиони евра од кои 11,2 милиони од Буџетот.

Овие компании, како што кажа, се дел од успешната приказна преку која граѓаните за само две ипол години почнаа да ги чувствуваат придобивките заради, како што кажа, добрите и одговорни економски политики.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев како најголема вредност на ФИТР ја истакна мотивацијата за младите да останат во земјава и да создаваат фирми тука.

Поддршката што се дава преку ФИТР, како што рече, на младите им дава порака – „останете во нашата држава, не чекајте да бидете вработени, креирајте своја фирма, правете свои производи и продадете ги низ светот, ќе успеете“.

Во рамки на презентацијата компаниите кои добиле поддршка од ФИТР донираа средства за поддршка на Здружението на деца со ретки болести.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com