Home » Фонд за енергетска ефикасност – размена на знаења меѓу Македонија и Косово

Фонд за енергетска ефикасност – размена на знаења меѓу Македонија и Косово

by Журнал.мк

Работна средба за енергетска ефикасност меѓу Македонија и Косово се одржа во Приштина, соопшти Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини.

На средбата Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го преставуваа Елена Ивановска и Димитар Парнарџиев, а присутни на состанокот беа и генералниот директор и оперативните директори на Фондот за енергетска ефикасност, како и претставници на Канцеларијата на Светска банка во Македонија и Косово.

Целта на средбата беше размена на искуства и најдобри практики во функционирањето на фондовите за енергетска ефикасност, со посебен акцент на искуствата на фондот во Косово – КФЕЕ, кои би можеле да помогнат во имплементацијата на работните процеси на Фондот за енергетска ефикасност кој се формира во Македонија.

Претставниците на КФЕЕ ги презентираа нивните методологии за работа, статусот и начинот на формирање на програми со проекти и нивното следење, начините на финансирање, техничкиот кадар и сите аспекти поврзани со операционализацијата и функционалноста на фондот за енергетска ефикасност. Особено беше истакнато дека косовскиот фонд – КФЕЕ, основан во јануари 2019 година, успешно спроведува мерки за енергетска ефикасност во јавни и станбени згради, со поддршка од Европската унија и Светската банка.

Овој фонд во Македонија ќе има клучна улога во финансирањето и спроведувањето на проекти за енергетска ефикасност во земјата, придонесувајќи кон намалување на потрошувачката на енергија и заштита на животната средина.

Претставниците на Светската банка ја истакнаа важноста на регионалната соработка и размената на искуства во областа на енергетската ефикасност, нагласувајќи дека ваквите иницијативи се од суштинско значење за одржливиот развој и економскиот напредок на земјите од регионот, се наведува во соопштението од Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk