Home » Фон дер Лајен од Приштина: Потребна е навремена имплементација на договорот од Охрид

Фон дер Лајен од Приштина: Потребна е навремена имплементација на договорот од Охрид

by Журнал.мк

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по средбата со претседателката на Косово, Вјоса Османи, изјави дека за време на нејзиниот мандат приоритет ќе биде проширувањето на Европската Унија, со членство на сите шест земји од Западен Балкан.

Од Приштина порача дека косовските власти треба да работат повеќе на следните чекори со цел да се дојде до точка кога земјите членки на ЕУ ќе постигнат согласнот да ги укинат мерките кон државата. За позитивен чекор го оцени отворањето на граничниот премин со Србија, Мердар за премин на српска стока.

-Договорот потпишан во Охрид е клучен и многу важен. Знаеме дека сте посветени на него. Посветеноста обично значи и навремена имплементација. Тоа е важно, но мислам дека е и многу добар знак дека можеме да направиме предфинансирање пред крајот на годината од 60 милиони евра. Тоа ни покажува дека чекор по чекор ќе можеме заедно да одиме напред – рече Фон дер Лајен

Османи ја обвини Србија дека „продолжува да биде сателит на Русија“, на што Фон дер Лајен одговори дека српскиот претседател Александар Вучиќ испратил јасна порака со тоа што во последните денови угостил неколку претставници на ЕУ и нејзините членки.

-За мене јасна порака е тоа што претседателот на Србија ме угости, а претходно тоа го направи и со премиерите на Полска и на Грција наместо да биде во Казан. Тоа е јасна порака – рече таа.

Во Приштина се сретна и со премиерот Албин Курти, а потоа отпатува за Подгорица, каде што ќе ја заврши својата четиридневна турнеја на регионот, која ја започна во средата со посетата на Албанија.

Курти во објава на платформата „Х“ по средбата со Фон дер Лајен мерките на ЕУ ги нарече неправедни, притоа потенцирајќи ја важноста од добивањето кандидатски статус за Косово во ЕУ.

„Ние сме посветени на спроведување на овие реформи преку процес заснован на заслуги. Исто така, ја повторив важноста од поднесување на прашалникот за членство и побарав целосно и итно укинување на неправедните мерки на ЕУ. Во време кога автократиите ги оспоруваат универзалните слободи, Косово стои како сидро на основните вредности на ЕУ во Западен Балкан“, напиша Курти.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk