Home » Фон дер Лајен: Нема да ни биде лесно во наредните месеци, но ќе одговориме на сите кризи!

Фон дер Лајен: Нема да ни биде лесно во наредните месеци, но ќе одговориме на сите кризи!

by Журнал

Претседателката на Европската комисија во својот говор ја коментираше финансиската помош за Украина и протестите на големите земјоделци, а најави и борба против миграцијата и поголема заштита на границите.

– Не само што и даваме на Украина финансиски средства за да продолжи со нејзините економски активности, туку и даваме сигурност за следните четири години. Помошта ќе можеме да ја платиме веќе во март – рече Урсула фон дер Лајен во своето обраќање во Стразбур.

Таа најави и дека ЕУ ќе продолжи да се бори против миграцијата и да ги штити своите граници.

– Ќе одговориме на сите кризи! Со овој буџет, ЕУ има средства да се справи со некои од најголемите предизвици – рече таа.

Во своето обраќање таа се осврна и на големите протести на земјоделците ширум ЕУ.

– Тие се првите кои ги почувствуваа последиците од климатската криза, а го чувствуваат и ефектот на руската агресија врз Украина, инфлацијата и растот на цените. Без разлика на сето тоа што тие напорно работат за да ни создадат храна, ние треба да ги цениме за тоа. Ќе ги слушаме, знам дека се загрижени за својата иднина, но мора да одат кон поодржлив начин на производство и сакаме да се погрижиме да продолжат да работат – рече таа.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk