Home » Фон дер Лајен до научници од целиот свет: Изберете ја Европа

Фон дер Лајен до научници од целиот свет: Изберете ја Европа

by Журнал.мк

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, повика научници и истражувачи од целиот свет да работат во Европа, откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе го намали федералното финансирање за Харвард и други американски универзитети.

Американските универзитети беа цел на администрацијата, главно поради начинот на кој реагираа на пропалестинските протести против војната во Газа минатата година, но и за прашања како што се програмите за разновидност, климатските иницијативи и трансродовите политики.

– Жешките дебати се добредојдени на (европските) универзитети. Сметаме дека слободата на науката и истражувањето е фундаментална, рече Фон дер Лајен во Валенсија, каде што учествуваше на Конгресот на конзервативната Европска народна партија. – Не само затоа што ова е основна вредност за нас, туку и затоа што така напредуваат извонредноста и иновацијата“, нагласи таа.

– Затоа Европа е отворена за најдобрите и најпаметните. Затоа ќе им понудиме: „Изберете ја Европа“. Бидејќи сакаме научниците и истражувачите од целиот свет да ја направат Европа свој дом и повторно да ја направат Европа дом на иновациите“.

Научникот од Харвард, Доналд Ингбер, претходно овој месец изјави дека познава луѓе со докторат кои се откажуваат од своите истражувачки позиции во САД затоа што се плашат да живеат во Америка како странци. Тие се свртуваат кон Кина или Европа за да ја завршат својата работа, истакна тој.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk