На хечбекот „ID.3“ ќе му се придружи кросоверот „Crozz“ кој најверојатно ќе добие официјална ознака „ID.4“.
Овие два модели би требало да бидат столбот на електричната офанзива на Фолксваген кој планира до 2024 да направи 1.000.000 електрични автомобили.
Фолксваген планира до следната деценија да направи 1,5 милиони електрични возила, а во целиот проект се вложени околу 11 милијарди долари.
Германскиот гигант кон почетокот на декември одбележа јубилеј со 250.000 продадени единици од моделот „е-Golf“ кој ќе биде заменет токму од „ID.3“.