Home » Флорида гради центар за мигранти среде мочуришта, го нарекуваат „Алигатор Алкатраз“

Флорида гради центар за мигранти среде мочуришта, го нарекуваат „Алигатор Алкатраз“

by Lina Muslija

Објектот веќе е наречен „Алигатор Алкатраз“ во јавноста, а проектот го води министерката за внатрешна безбедност на САД, Кристи Ноем, пишува Би-Би-Си.

Според министерката, објектот ќе биде „во голема мера“ финансиран од ФЕМА, агенцијата која вообичаено им обезбедува помош на недокументираните мигранти.

„Под водство на претседателот Трамп, работиме со турбо брзина на економични и иновативни начини за исполнување на она што го бара американскиот народ – масовна депортација на криминални нелегални имигранти“, рече Ноем.

Центарот ќе може да смести до 1.000 луѓе, а изградбата би можела да биде завршена во рок од 30 до 60 дена, изјави главниот обвинител на Флорида, Џејмс Утмаер.

Локацијата е опкружена со природни „чувари“

Новиот центар се гради на местото на јавниот аеродром Дејд-Колиер, на околу 58 километри од Мајами. Во видео објавено на платформата „X“, Утмаер изјави дека станува збор за „скоро напуштена зграда“ и ја нагласи природната непристапност на теренот.

„Ако некој се обиде да избега, ќе го пречекаат само алигатори и питони. Нема каде да оди, нету каде да се скрие“, рече Утмаер.

Проценетите годишни трошоци за работење на центарот се околу 450 милиони долари.

Еколошки ризици и политички поделби

Планот веднаш предизвика жестоки реакции. Градоначалничката на округот Мајами-Дејд, демократката Даниела Левин Кава, предупреди дека изградбата во толку чувствителна област може да има „разорни последици за екосистемот Еверглејдс“.

Иако официјалните лица нагласија дека објектот нема да биде сместен во границите на Националниот парк Еверглејдс, загриженоста останува. Тоа е ретко мочуриште кое вклучува разновидни природни системи, од мангрови до речни заостанати води, и е дом на бројни заштитени видови.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk