Ханси Флик се подготвува за нов предизивик во Ла Лига и императивот за победа е огромен после два меча без триумф, а утрешниот натпревар на домашен терен е голема шанса за такво нешто.
Каталонскиот великан го пречекува Лас Палмас и тренерот Флик потврди дека Ламин Јамал ќе биде во комбинација за настап на овој меч, но исто така се осврна и на рекациите од навивачите кон еден член од првиот тим.
Френки Де Јонг се најде на удар и добива се погласни свирежи од навивачите на Барселона, па имун на целата оваа ситуација не може да остане ниту Германецот.
– Ако се прашувам јас, би сакал фановите да ги поддржуваат сите играчи од првиот тим. Нашата публика е фантастична, имаме одлична конекција со навивачите. Кога играчите даваат се од себе, публиката го гледа тоа и го наградува. Перфектно сценарио би било сите да добиваат аплаузи, но не постои идеално нешто во фудбалот.
– Де Јонг имаше тешка повреда и доби сериозен удар. Има потешкотии да ја врати самодовербата, мислам дека тоа е клучно во овој момент. Знам дека е важно за него да има минути, но јас давам минутажа според заслуга на тренинзите. Го анализирам секој меч и секој противник, па после одлучувам кој играч е најдобар за одредена позиција. Тоа е причината поради која нема минутажа каква што посакува, но во секој момент добива максимална поддршка од сите во стручниот штаб, – открива Флик.