Oд почетокот на сезоната на Барселона и оди одлично, а добрите настапи на фудбалерите на теренот донесоа признание за тренерот Ханси Флик.
На табелата во Ла Лига Барселона е лидер со максимални 12 бода по четири кола. Така сосема заслужено признанието за тренер на месецот во најсилното шпанско фудбалско заврши кај Германецот.
Од почетокот на сезоната Барселона забележа три победи со по 2:1 (Атлетико, Рајо Ваљекано и Валенсија), а Ваљадолид го потпопи со убедливи 7:0.