Home » Физичката неактивност е подеднакво штетна за организмот како и зависноста од никотин или опојни средства: Студијата покажува дека го скратува животот

Физичката неактивност е подеднакво штетна за организмот како и зависноста од никотин или опојни средства: Студијата покажува дека го скратува животот

by Lina Muslija

Доколку имате повеќе од 40 години и редовно консумирате цигари, алкохол или опојни средства, голема е веројатноста дека нема да ја доживеете осмата или деветата деценија од животот. Овие животни навики значајно го зголемуваат ризикот од сериозни заболувања коишто можат да го скратат животот.

Долгорочната студија којашто опфатила околу 720.000 американски воени ветерани, покажала дека лошите животни навики, особено помеѓу поранешните војници, го зголемуваат ризикот од состојби како што е посттрауматското стресно нарушување во споредба со останатото население.

 

 

Во оваа студија, тим од научници предводен од Ксуан Маи Нгујен од универзитетот во Илиноа, ги анализираше осумте животни навики коишто придонесуваат кон здрав начин на живот. Тие навики се: физичката активност, правилната исхрана, одбегнувањето на цигари и алкохол, добрата толеранција на стресот и квалитетен сон, одржување на позитивни општествени односи и одбегнување на опојни средства.

Осаменоста, нездравата исхрана, лошиот сон и високото ниво на стрес во одредени случаи, се покажале еднакво штетни како и пушењето или опојните средства.

Студијата покажала дека физичката неактивност е подеднакво штетна како и цигарите или опојните средства.

 

 

 

Претставена на меѓународната конференција „Исхрана 2023“ во Бостон, студијата покажала дека мажите во нивните четириесетти години, коишто ги практикуваат сите осум лоши животни навики, ќе живеат 24 години пократко од нивните врсници коишто немаат такви животни навики, додека пак животниот век на жените ќе биде скратен за 21 година.

Пушачите, зависниците од опојни средства и оние коишто ретко вежбаат, имаат 30 – 45% поголем ризик од смрт, додека пак оние коишто често пијат алкохол, имаат лоша исхрана, недоволен сон или се под голем стрес имаат 20% поголем ризик од смрт.

 

 

 

Лицата коишто живеат сами можат да се опуштат, бидејќи „недостигот од позитивни општествени односи“ го зголемува ризикот од предвремена смрт само за пет проценти.

Меѓутоа важно е да се каже дека ова истражување не ја докажува причинско – последичната врска, како што истакнуваат од Министерството кое се занимава со прашања поврзани со ветераните и Медицинскиот факултет „Карли Илиноа“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More