Home » Финска им дозволи на САД пристап до воените бази; Русија: Ќе возвратиме

Финска им дозволи на САД пристап до воените бази; Русија: Ќе возвратиме

by Журнал.мк

Русија ќе одговори на одлуката на Финска да дозволи пристап на САД до нејзините воени бази, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

На 1 јули финскиот парламент едногласно го одобри договорот за одбранбена соработка со Соединетите Американски Држави, кој беше потпишан во декември 2023 година.

Договорот наведува 15 објекти и области во Финска до кои американската војска ќе има неограничен пристап и каде што може да складира и воена опрема и муниција.

„Можам само да потврдам дека Русија нема да пропушти да одговори на трупањето сили на НАТО на нашата граница, што претставува закана за безбедноста на Руската Федерација“, изјави заменик-портпаролот на Министерството, Андреј Настасин.

„Ќе ги преземеме и сите неопходни мерки, вклучително и мерки од воено-техничка природа, со цел да возвратиме на агресивните одлуки на Финска и нејзините сојузници во НАТО“, додаде тој.

Финска стана членка на НАТО минатата година.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More