Home » Финишира кампањата за претседател на СДСМ

Финишира кампањата за претседател на СДСМ

by Журнал.мк

Секој со своја кампања, но и со заеднички презентации пред членството. На четворицата кандидати за претседател на СДСМ им преостануваат уште 3 дена да ги убедат 23-те илјади членови.

По шпекулациите дека поранешниот претседател Зоран Заев го фаворизира Венко Филипче, единствената дама меѓу кандидатите, Славјанка Петровска, во тв интервју ги повика сите поранешни претседатели да не прават дополнителни поделби во партијата.

-ЗАСТАНУВАЊЕТО НА КОЈ БИЛО ОД ПОРАНЕШНИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛИ ЗАД БИЛО КОЈ ОД СЕГАШНИТЕ КАНДИДАТИ, МИСЛАМ ДЕКА САМО ДОПОЛНИТЕЛНО МОЖЕ ДА ЈА ПОДЕЛИ ПАРТИЈАТА И ДА ГО ОТЕЖНЕ ЛЕГИТИМНИОТ ИЗБОР НА ПРЕТСЕДАТЕЛ. ЈАС ГИ ПОЧИТУВАМ СИТЕ ПОРАНЕШНИ ПРЕТСЕДАТЕЛИ ЗАТОА ШТО ОСТАВИЛЕ СВОЈ БЕЛЕГ ВО ПАРТИЈАТА И ВО ДРЖАВАТА, МЕЃУТОА, МЕНЕ МИ ТРЕБА ПОДДРШКАТА НА ЧЛЕНСТВОТО, ВЕЛИ СЛАВЈАНКА ПЕТРОВСКА.

Филипче посочува дека секој граѓанин треба да биде слушнат и дека секоја идеја е важна. Ако стане претседател, тој гарантира достапност.

-НАЈВАЖНО ОД СЕ Е ДРУГАРСТВОТО, РЕЛАЦИЈАТА, ОТВОРЕНОСТА, ДОСТАПНОСТА. НЕ МОЖЕ НЕКОЈ ДА НЕ СЕ ЈАВУВА ЗАТОА ШТО ВО МОМЕНТОТ ИЗВРШУВА НЕКАКВА ФУНКЦИЈА. АКО ЈАС БИДАМ ПРЕТСЕДАТЕЛ, СЕКОГАШ ЌЕ БИДАТ ДОСТАПЕН. ТАКА ЗНАМ ДА ФУНКЦИОНИРАМ. ТАКОВ СУМ БИЛ И КАКО ДОКТОР И КАКО МИНИСТЕР, И ТОА Е ЕДНА ОД РАБОТИТЕ ЗОШТО СЕ НАФАТИВ ДА СЕ КАНДИДИРАМ, РЕЧЕ ВЕНКО ФИЛИПЧЕ.

Новиот СДСМ станува основна опозициска сила во Собранието, порачува Јован Деспотовски. Планира градење капацитети за „Влада во сенка“, која, освен што ќе ги коментира мерките на Владата, треба да предлага свои мерки, што ќе придонесе за создавање потенцијални носители на високи функции.

Еден од адутите на Александар Бајдевски е економска платформа базирана на социјалдемократија. Најавува враќање на корените, на основните социјалдемократски вредности, правда, солидарност, еднакви шанси за сите и обуки за членството.

На гласањето в недела, новиот претседател треба да добие мнозинство од регистрираните 22 илјади 735 членови. Ако ниту еден кандидат не добие толку гласови, наредната недела ќе се организира втор круг со двајца кандидати. Ова е трет пат да се применува овој модел на гласање, а пријавени се најмалку членови. Првиот пат, во 2021, се запишаа 69 илјади членови, а Зоран Заев беше избран со 59 илјади. Димитар Ковачевски беше избран со 38 илјади од запишаните 44 илјади. Малиот интерес годинава е резултат на длабоката криза и на најслабиот изборен резултат во историјата на партијата.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More