Home » Финале и пласман во А-дивизија: Јуниорите ќе играат за златен медал на Евробаскетот во Скопје

Финале и пласман во А-дивизија: Јуниорите ќе играат за златен медал на Евробаскетот во Скопје

by Журнал.мк

Јуниорската репрезентација на Македонија на Европското првенство (ЕП) Б-дивизија ја победи и Бугарија (92-68) и така ќе игра во финалето во Скопје, а истовремено обезбеди место и во А-дивизијата.

Со оваа победа, Македонија покрај што се пласира во финалето, обезбеди место и во елитната дивизија во следното издание на еврошампионатот. Ќе следи и меч за титулата, со ривал кој допрва ќе биде познат.

Марко Луканоски беше најдобар поентер кај Македонија со 20 поени и дури 16 скока, пред Атанасиј Трајанов и Никола Јаничиќ со по 17 поени, со тоа што Трајанов имаше и 11 скока. Двоцифрен ефект имаше и Лука Марјановиќ со 12 поени. Кај Бугарите, Теодор Трифонов заврши со 20 поени.

На патот до финалето, покрај Португалија и Бугарија во нокаут-фазата, Македонија славеше и над Ирска, Босна и Херцеговина, Чешка, Кипар и Украина во групната фаза. Во мечот за европската титула во Б-дивизијата, нашите кошаркари ќе играат со Полска или Австрија.

Финалето на ЕП Б-дивизија е закажано во недела во СЦ „Борис Трајковски“ од 21:00 часот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More