Home » Филков оствари работна средба со претставници на УПОЗ

Филков оствари работна средба со претставници на УПОЗ

by Журнал.мк

Министерот за правда Игор Филков оствари работна средба со претставници на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ), предводени од претседателот Трпе Деаноски.

Се разговараше за прашања поврзани со колективниот договор, платите, статусот на вработените како и подготовката на законските решенија.

Изразена е благодарност на Министерството за правда за отпочнување на процесот на изработка на нов Закон за судска служба. Новото законско решение има за цел да ја унапреди постојната регулатива, обезбедувајќи подобри услови за работа и правата на вработените во судскиот систем.

Претставниците на УПОЗ го информираа министерот со сите отворени прашања кои се од голема важност, и од нивна страна беше побарана поддршка и заложба за нивно решавање со цел унапредување на работните услови и зајакнување на правата на вработените во правосудниот систем.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk