Home » Филков – Лосон: Поддршка од Обединетото Кралство за реформите и реализација на стратешките цели

Филков – Лосон: Поддршка од Обединетото Кралство за реформите и реализација на стратешките цели

by Журнал.мк

МакедонијаФилков – Лосон: Поддршка од Обединетото Кралство за реформите и реализација на стратешките целиОбјавено пред 1 час – 4 септември, 2024Од М. Т. / Макфакс

Министерот за правда Игор Филков оствари средба со амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Н. Е Метју Лосон на која разговараа за билатералната соработка, поддршка за проектите за реформите во правосудството , борбата против организираниот криминал и реализација на стратешките цели за полноправното членство во ЕУ .

Министерот Филков посочи дека претстои долг и тежок пат за имплементација на реформи во Судскиот совет, Советот на јавни обвинители и Академијата за судии и јавни обвинители, со цел враќање на довербата на граѓаните во правдата.

Амбасадорот Лосон изрази подготвеност за експертска помош за скенирање на состојбите и продлабочување на соработката за зајакнување на капацитетите на земјата во критичните области.

Обединетото Кралство останува да биде наш најголем стратешки партнер, вклучувајќи го сојузништвото во НАТО Алијансата и продлабочување на билатералната соработка во сферите од взаемен интерес.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More