Home » Филков: Целиот систем мора да се менува однадвор и одвнатре

Филков: Целиот систем мора да се менува однадвор и одвнатре

by Журнал.мк

Министерот за правда Игор Филков упати сочувство до семејството и пријателите на прерано загинатата Фросина Кулакова, која беше смртно прегазена завчера на булеварот „Партизански одреди“.

„Некогаш нема утешни зборови, но она што можам да се заложам е дека мојата политичка позиција и мојата човечка мисија ќе ја насочам за менување на работите од корен. Целиот систем мора да се менува однадвор и одвнатре“, вели министерот.

Oд обвинителството вчера соопштија дека 20-годишникот кој го управувал возилото на неговиот татко, немал возачка дозвола, бил под дејство на алкохол и поминал на црвено светло додека девојчето поминувало улица на обележан пешачки премин.

За денес во 13 часот најавен е протест на местото на кое почина девојката.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk