Home » Филипинскиот претседател побара од министрите да поднесат оставки по лошиот изборен резултат

Филипинскиот претседател побара од министрите да поднесат оставки по лошиот изборен резултат

by Журнал.мк

Филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Помладиот денеска побара од сите министри да поднесат оставки како дел од „ресетирањето“ на неговата администрација по минатонеделните „среднорочни“ избори, на кои голем број опозициски кандидати освоија клучни места во Сенатот.

– Барањето за оставки има за цел да му овозможи на претседателот простор да ги процени перформансите на секое министерство и да одреди кој ќе продолжи да служи во согласност со новите приоритети на неговата администрација, соопшти владата.

Најмалку 21 министер, предводени од премиерот Лукас Берсамин, или веднаш поднесоа оставки или изразија подготвеност да го сторат тоа. – Овде не станува збор за личности, туку за перформанси. Народот проговори и очекува резултати, а не изговори. Ги слушнавме и ќе дејствуваме, рече Маркос.

Фердинанд Маркос, син на покојниот филипински диктатор соборен во 1986 година, победи на претседателските избори во 2022 година. Меѓутоа, неговата еднакво популарна потпретседателка Сара Дутерте, исто така ќерка на поранешен претседател, подоцна се разиде со него, што предизвика голем политички раскол.

Пет од 12-те места во Сенатот на среднорочните избори ги освоија сојузниците на Сара Дутерте, односно на нејзиниот татко, поранешниот претседател Родриго Дутерте, кого Меѓународниот кривичен суд во Хаг го уапси и притвори откако беше обвинет за злосторства против човештвото поради бруталната акција против шверцерите со дрога во која беа убиени илјадници осомничени.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk