Лидерот на СДСМ, Венко Филипче ќе иницира лидерска средба. Најави обелоденување на Планот за реформи. Премиерот Христијан Мицкоски, пак, го повика на тет-а-тет средба. Вели, темата е пресериозна и бара сериозен пристап.
„Лидерската средба е пресериозна тема за да се разговара преку медиуми. Од тоа што можев да разберам во јавноста е дека Филипче има некаков предлог, план. Тој може да го соопшти тој план преку прес-конференција, но, доколку цени дека и мене претходно треба да ме информира и запознае, јас сум секогаш тука. Сериозните теми бараат сериозен пристап“, рече Мицкоски.
Предлогот за заеднички натпартиски кандидат за градоначалник на Кочани, за Мицкоски е неприфатлив. Премиерот прифаќа и анкетна комисија, но таа да биде проширена и со други судски случаи.
Од ДУИ инсистираат на парламентарна комисија со меѓународен надзор. Вреди, пак, е против лидерска средба-непотребно ќе се губело време.