Home » Филипче за Денот на ослободување на Скопје: Храброста на нашите борци од НОБ е темелот на слободата што ја живееме

Филипче за Денот на ослободување на Скопје: Храброста на нашите борци од НОБ е темелот на слободата што ја живееме

by Журнал.мк

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска упати честитика до граѓаните по повод Денот на ослободувањето на Скопје. Филипче во честитката порача дека исто како пред 80 години кога нашите предци храбро и одлучно се изборија за слободата, така и денес сите имаме обврска да го продолжиме нивниот аманет, да ја зачуваме слободата и да градиме слободно и демократско општество.

„Денес оддаваме почит на храброста и истрајноста на хероите од Народноослободителната борба, кои се заслужни за слободата што ја живееме. На 13 ноември 1944 година, улиците на Скопје беа ослободени од фашистичкиот окупатор, а градот го доби симболот на отпор и надеж. Во време на економски и политички предизвици, треба да се сеќаваме и да не води храброста и одлучноста на нашите предци. Тие не се откажаа, се бореа за слобода, правда и еднаквост. После осум децении, ние потомците на НОБ ја имаме истата цел, да се избориме за слободно и демократско општество, за Скопје какво што го заслужуваат граѓаните, за град кој ќе се развива како европска и културно напредна метропола. Слава им на хероите, нека е честит и вековит 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје“, стои во честитката на претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk