Home » Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски и ВМРО го држат градот во заложништво

Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски и ВМРО го држат градот во заложништво

by Журнал.мк

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати пред членовите на градската организација на партијата во Скопје и ги критикуваше локалните и централните политики на ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче рече дека она што се случува во Скопје е најеклатантен пример на неспособноста, негрижата и корупцијата на власта.

Филипче рече дека пропаста на Скопје е директна последица на пропаднатите зделки меѓу Мицкоски и Арсовска, на блокадите од советниците на ВМРО-ДПМНЕ и на политичката калкулација на Владата која, и покрај тоа што има механизми, свесно го остава градот да се распаѓа.

-Скопјани не смеат да заборават дека Скопје тоне четири години заради пропаднатите бизнис зделки на Мицкоски со Арсовска. ВМРО-ДПМНЕ го држи Скопје во заложништво. Нивните функционери и советници од градот четири години немаат друга работа освен да попречуваат, блокираат и се расправаат со Арсовска. Скопје е најдобар пример за тоа како владее ВМРО-ДПМНЕ, со прст не мрдаат ако од тоа немаат личен и политички интерес. За ова треба да бидат казнети на локалните избори, истакна Филипче.

Тој се осврна и на Трајко Славески, кој како претседавач со Советот, не придонесе со ништо за Скопје, но сепак беше награден од ВМРО-ДПМНЕ со функцијата гувернер на Народната банка.

-Трајко Славески како претседавач на советот, човек којшто не направи ништо, макар да се обиде нешто да се случи добро во градот, на крај беше награден од ВМРО-ДПМНЕ и стана гувернер на Народна банка. Беше награден заради тоа што го уништи Скопје и не се ни потруди да направи нешто за градот, рече Филипче.

Тој ја критикуваше Владата на Мицкоски која, и покрај тоа што има инструменти да помогне, го остави главниот град да тоне во неред и распад.

-За мене е неразбирливо како може да си дозволи Владата да има механизми да му помогне на градот и на граѓаните и да го остави градот затрупан во ѓубре. Скопје нема јавен превоз, не направија ништо да го спроведат проектот за набавка на автобуси, не можат луѓето да стигнат од еден крај до друг, истакна Филипче.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk