Home » Филипче се сретна со вршителот на работите во Амбасадата на Република Полска, Бримора

Филипче се сретна со вршителот на работите во Амбасадата на Република Полска, Бримора

by Журнал.мк

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции (НСЕИ) во македонското Собрание, пратеникот Венко Филипче денеска се сретна со вршителот на работите во Амбасадата на Република Полска, Мариуш Бримора.

Францускиот режисер Кристоф Руџа осуден на 4 години затвор за сексуално злоставување на актерка кога таа била малолетна
Како што информира собраниската прес-служба, полското претседателство со Советот на Европската Унија, во првото пологодие од оваа година, било во фокусот на разговорите, при што, како еден од приоритетите, било посочено и проширувањето на Унијата и интеграцијата на земјите од Западен Балкан.

Соговорниците размениле искуства за процесите на евроинтеграција и за предизвиците за двете земји на тој пат, со оглед на влезот на Полска во ЕУ пред две децении, односно во истиот период кога нашата земја го доби кандидатскиот статус.

Во тој контекст, Филипче посочил дека долгото чекање за преминување во наредните фази од интеграцискиот процес за Македонија, како и пречките на тој пат, резултираат со разочараност кај граѓаните и на пад на поддршката во однос на членството во ЕУ. Затоа, како што рекол, задача на политичките фактори е да бараат начини за надминување на препреките во насока на остварување на стратешките цели на државата.

На средбата биле разменети и мислења за придобивките за граѓаните од членството во ЕУ, како и за потребата од постојана промоција на тие вредности.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk