Home » Филипче: Подготвени сме да разговараме за една изборна единица

Филипче: Подготвени сме да разговараме за една изборна единица

by Журнал.мк

По повикот на премиерот Христијан Мицкоски кој вчера на седницата за пратенички прашања ја повика опозицијата да поддржи измени на Изборниот законик за една изборна единица, денеска лидерот на Социјалдемократскиот сојуз Венко Филипче изјави дека се подготвени да разговараат за предлогот, но дека за ваквиот предлог треба да се разговара со сите политички партии.

Подготвени сме да разговараме за било што, меѓутоа тоа е работа во која треба да учествуваат сите политички партии затоа што не е само прашањето за една изборна единица, туку тука е и прашањето за цензусо, за отворените листи – изјави денеска Филипче пред почетокот на настанот „Прогресот на Македонија во Берлинскиот процес и Планот за раст“ во организација на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС).

Премиерот Мицкоски вчера од собраниската говорница рече дека со измените ќе и се овозможи и на дијаспората да гласа и нагласи дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за измените.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk