Home » Филипче, Петровска и Деспотовски поднесоа кандидатури за претседател на СДСМ

Филипче, Петровска и Деспотовски поднесоа кандидатури за претседател на СДСМ

by Журнал.мк

Филипче, Петровска и Деспотовски и официјално влегуваат во трката за нов претседател на СДСМ. Во кандидатурите кои ги поднесоа сите се обврзуваат да го обединат членството, а партијата да ја подигнат повторно по двојниот изборен пораз. Филипче не ја крие поддршката која ја имал од Заев да застане на позицијата, но не гледа потреба да потпишува изјави дека ако не стане претседател ќе се откаже од партиски функции. Вели СДСМ е на колена, но со мене ќе биде победничка партија.

Петровска пак преку Манифест на социјалдемократијата ќе ја бара довербата од членството. Без да открива имиња, тврди дека имала поддршка и од поранешни функционери. Нудела реформска програма, оти се покажало дека и по оставката на Заев , а сега и на Ковачевски, работите во партијата не се средуваат.

Деспотовски пак најавува нов почеток на СДСМ. Ако седне на претседателската позиција во партијата ќе формирал влада во сенка и ќе биле конструктивна опозиција во парламентот. Им порача на противкандидатите дека на СДСМ и треба лидер, а не пазарџија.

На Бихаќка пристигната е и кандидатура од Златко Ристоски, партиски симпатизер од Битола. Рокот за поднесување истекува утре, а внатрепартиските избори се закажани за 30-ти јуни.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More