Home » Филипче: Mора да се одблокира ЕУ интеграцијата

Филипче: Mора да се одблокира ЕУ интеграцијата

by Журнал.мк

СДСМ секојдневно демонстрира конструктивност во однос на евроинтегративниот пат на државата, истакна лидерот на партијата, Венко Филипче, во својата последна изјава. Според него, оваа конструктивност ја покажуваат преку иницијативата за одржување на собраниска седница, бидејќи токму Собранието е местото каде што треба да се носат клучните одлуки за иднината на земјата.

„За жал, од премиерот не гледаме конкретен одговор во оваа насока. Има многу најава за поддршка од некои држави и за промена на преговарачката рамка, но сето тоа е обвиено со мистерија и без детали,“ изјави Филипче. Тој нагласи дека премиерот има обврска да ги информира и Собранието и граѓаните за сите чекори поврзани со евроинтеграцијата.

Филипче, исто така, го критикуваше хаосот и неусогласеноста во Владата, особено поради изјавите на министерот Муртезани, кој го демантираше премиерот во однос на поддршката за уставни измени со одложено дејство.

„Овие дисонантни тонови и конфузни изјави создаваат впечаток за бесперспективност во Владата, што мора да се расчисти. Владата има обврска пред граѓаните да го продолжи евроинтегративниот пат кој го очекува мнозинството граѓани,“ заврши Филипче.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk