Денеска го одржав првиот работен состанок со нашата заменичка претседателка, Фани Каранфилова-Пановска, објави на Фејсбук претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
„Разговаравме за клучните приоритети во новата програма на СДСМ и визијата која треба да ја претвориме во конкретни политики и резултати. Новото раководство ќе ги обедини сите кои веруваат во социјалдемократските идеи, во промени и напредок. Очекувам во текот на оваа недела да биде комплетирано целото раководство на СДСМ по што започнуваме интензивно со работа. Време е за нови победи!“, истакна во објавата Филипче.