Home » Филипче: Да му се даде важност и должна почит на секој наш член

Филипче: Да му се даде важност и должна почит на секој наш член

by Журнал.мк

Венко Филипче кој вчера ја официјализираше својата кандидатура за претседател на СДСМ вели дека централна тема во неговата кампања ќе биде односот на раководството кон членовите и начинот на кој ќе комуницира партијата со членовите. Тој потенцира дека неговата програма е производ на барањата на членовите со кои имал стотици средби за време на кампањата.

„Мојата идеја и план, мојата визија што ја имам преточено во програмата што денеска ја доставив и која е целосно компатибилна со барањата, сугестиите и забелешките на нашите членови што ги слушнав за време на кампањата за парламентарните избори. Еден систем што сметам дека треба да се имплементира во партијата, а тоа значи на секој да му се даде важност, должна почит, внимание, да биде сослушан бидејќи секој од нашите членови има идеја и секоја идеја е за почит и треба да биде инкорпорирана“ – вели Филипче.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More