16 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Филипче без осуда за групирањето на ДУИ: Мерките треба да се почитуваат

Најчитани вести

Министерот за здравство Венко Филипче по објавената фотографија од прославата на ДУИ без маски и без дистанца во новите простории на Министерството за политички систем, за „А1он“ кусо вели „мерките треба да се почитуваат“. За разлика од претходно објавените слични фотографии и видеа, кога министерот Филипче јавно кажуваше дека секое непочитување е за осуда, овој пат не одговори на прашањето што по очигледното непочитување на мерките.

За фотографиите, пак, што тој ги објави на „Фејсбук“ на кои се заедно со премиерот Зоран Заев и со синовите, исто така без маски и без дистанца, министерот Филипче тврди дека спортувале.

„Не се носат маски при спортување. Спортуваме на отворено“, вели министерот Филипче за „А1он“.

На една од фотографиите од нивното спортување се гледа група од петмина, што исто како и како и шетањето без маски е забрането.

Првиот вицепремиер, пак, Артан Груби, за групирањето на ДУИ во новата барокна зграда и неносењето маски вели дека било само мал момент заради фотографирање, а нивен колега го искористил присуството и го изненадил лидерот Али Ахмети кој на објавените фотографии сече торта, а симпатизерите му го честитаат 62 роденден. Вицепремиерот тврди дека протоколите биле почитувани, а прославата на роденденот на лидерот Али Ахмети било традиција, се славело на сличен начин како лани во Собранието.

Од МВР се уште нема одговор дали ќе преземат мерки по објавените фотографи на кои е очигледно непочитување на мерките за заштита од Ковид-19, а за што секојдневно се казнуваат сите граѓани.

Досегашната пракса покажа дека МВР експресно ги казнува граѓаните кои не се функционери откако на социјалните мрежи ќе бидат објавени фотографии и видео – снимки од групирање и неносење маски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести