0 C
Skopje
Sunday, January 24, 2021

Фиеста и за Динамо – Си заминува Шпанецот што ќе урне многу рекорди во хрватскиот фудбал

Најчитани вести

Дани Олмо најави заминување од Динамо Загреб, а извонредниот офанзивец веројатно ќе биде нов член на Атлетико Мадрид.

Во јули 2014 година, тогаш на возраст од само 16 години момчето родено во Тераса, Шпанија пристигна од познатата Академија на Барселона., Ла Масиј во Динамо за ситни пари, а сега е проценет на околу 30 милиони евра.

Динамо бара 40 милиони евра отштета, но и со продажба за сума од 30 милиони Олмо ќе биде најскапиот трансфер во историјата на хрватскиот фудбал.

Колку напредуваше покажува и податокот дека пред само една година негивата вредност на „Трансфермаркт“ изнесуваше 6.5 милиони евра, а сега застана на границата од 30 милиони евра.

Барселона веднаш во 2015 година ја увиде грешката и му понуди еден милион евра за да го врати Олмо во своето јато, а Каталонците и сега се кандидати во трката за Олмо, но нудат само 20 милиони евра, што е неприфатливо за Динамо.

Во меѓувреме Дани беше еден од најдобрите играчи на Европското младинско првенство летово, на кое Шпанија ја освои титулата, а потоа и дебитираше за А селекцијата на „црвената фурија“.

„Ова лето беше идеално за мојот следен чекор. Но, на крајот тоа не се случи, а јас сум среќен што останав во Динамо и играв во Лигата на шампионите. Мислам дека заврши еден прекрасен циклус за мене и сега треба да направам клучен чекор и да продолжам да напредувам“, изјави Олмо за шпански „АС“.

Со извонредните игри и за Динамо и за шпанските селекции само си ја качува цената, а во трката според шпанските медиуми Атлетико Мадрид е во предност, пред Реал Мадрид и Барселона, а интерес има и од англискиот премиерлигаш Вулверхемптон.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести