Home » Фидан: „Вооружувањето на Блискиот Исток и Азиско-пацифичкиот регион може да го доведе светот до работ на бездна“

Фидан: „Вооружувањето на Блискиот Исток и Азиско-пацифичкиот регион може да го доведе светот до работ на бездна“

by Журнал.мк

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан во саботата рече дека вооружувањето на Блискиот Исток и на азиско-пацифичкиот регион е во пораст и предупреди дека тоа може да го доведе светот до работ на бездна и опасност од нуклеарна војна, известува Анадолу.

Истакнувајќи дека глобалниот систем се соочува со три конвенционални војни во исто време, од кои сите имаат глобални последици, министерот Фидан истакна дека Туркије е во самиот центар на овие војни.

„Стабилноста на Блискиот Исток, Јужен Кавказ и Источниот Медитеран, како и на Црното Море се примарна цел за нас“, рече Фидан на Светскиот форум на ТРТ 2024, што се одржува во Истанбул.

Тој посочи дека дека Обединетите нации, организација создадена за зачувување на меѓународниот мир и безбедност, не ја исполниле својата мисија.

„Ниту еден поредок не може да биде одржлив доколку не се темели на правдата“, додаде Фидан.

Министерот за надворешни работи на Туркије ја истакна потребата од реформирање на глобалната заедница во различни подрачја, вклучително и политиката, економијата и судството.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk