Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска од Загреб изјави дека народот на поранешниот Советски Сојуз имал најголем удел во победата над нацизмот, а на шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, и порача дека премногу долго е во политиката за некој да му каже што да прави.
Фицо денеска пристигна во официјална посета на Хрватска, а на заедничката прес-конференција со домаќинот, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ рече дека никој не може да му каже дека ослободувањето од нацизмот дошло од Запад.
Фицо, кој претходно најави дека на 9 мај ќе присуствува на комеморацијата за Денот на победата над фашизмот во Москва, беше прашан зошто избира да биде на „страната на агресорот“, тој вели:
„Знаеме кој нѐ ослободи, никој не може да ми каже дека ослободувањето дојде од Запад, ако знам дека дојде од исток“.
Тој додаде дека во Нормандија им се поклонил на војниците кои загинале ослободувајќи ја Европа и дека ќе оди во Лондон и ќе им се поклони на пилотите на РАФ.
Тој се осврна и на изјавата на шефицата на европската дипломатија Каја Калас, која претходно го предупреди да не патува во Москва, на 9 мај, посочувајќи:
„Како можеш да му кажеш на премиерот на една модерна земја дека го предупредува да не патува некаде. Како се осмелува да го каже тоа? Ние сме суверена земја. Ова е историска вистина“, изјави Фицо.