Home » Фицо: Членки на ЕУ и НАТО размислуваат за праќање на војници во Украина

Фицо: Членки на ЕУ и НАТО размислуваат за праќање на војници во Украина

by Журнал.мк

Неколку членки на ЕУ и НАТО размислуваат за воени распоредувања во Украина, изјави во понеделник словачкиот премиер Роберт Фицо.

Говорејќи пред состанокот на националните лидери на ЕУ и НАТО во понеделник во Париз, на кој ќе се дебатира за колективната западна стратегија за Украина, Фицо наведе „ограничен документ“ во кој се наведени темите што треба да се дискутираат во Париз што „предизикуваат морници во кичмата“.

„Овие теми“, рече тој, „имплицираат дека голем број земји-членки на НАТО и ЕУ размислуваат да испратат војници во Украина на билатерална основа. Не можам да кажам со каква цел или што би правеле таму“.

Според Фицо, војната во Украина не оди како што се очекуваше: „Овој состанок во Париз е потврда дека украинската стратегија на Западот целосно пропадна“, рече тој, без да наведе детали.

Говорејќи по состанокот на Советот за безбедност и кабинетот на Словачка во понеделникот наутро, Фицо рече дека таквите планови ризикуваат ескалација на војната во Украина и нагласи дека Словачка нема да учествува.

Словачкиот лидер, пријателски настроен кон Русија, претходно беше на удар на критики поради неговите про-московски ставови, велејќи на пример во јануари дека единствениот начин да се запре војната во Украина е Киев да отстапи дел од својата територија.

Чешкиот премиер Петр Фиала, кој исто така треба да присуствува на состанокот во Париз, ја отфрли изјавата на Фицо: „Чешка сигурно не се подготвува да испрати војници во Украина, никој не треба да се грижи за тоа“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More