21.8 C
Skopje
Tuesday, June 15, 2021

Fiat Panda Cross е најдобриот кросовер за 2020 година

Најчитани вести

Четврта година по ред, Fiat Panda Cross ја освојува титулата Најдобар кросовер во изборот на британското списание 4×4.

Списанието 4х4 e единственото специјализирано списание за автомобили со погон на сите четири тркала и пикап модели во Британија.

Тимот од специјалисти ја оценуваше големата понуда на возила кои ја сочинуваат оваа класа, анализирајќи ги од комфорот и квалитетот до теренските перформанси и трошоците за одржување, се наведува во соопштението.

Моделот го движи 1,2-литарски бензин мотор со 69 КС, како и 0,9-литарски TwinAir турбо бензин мотор со верзии од 65, 85 и 90 коњски сили.

Овој мотор може да се нарача и во комбинација со погон на метан, а во тој случај располага со 80 коњски сили.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести