Home » ФФМ го суспендираше и теренот на Башкими

ФФМ го суспендираше и теренот на Башкими

by Lina Muslija

Продолжува суспензијата на терените низ земјава. После Кавадарци и Неготино, на ред дојде и теренот во Куманово, на екипата на Башкими.

Теренот на Башкими е суспендиран поради тоа што по завршувањето на натпреварот против Беласица (1-1), на судиите им бил попречен патот кон соблекувалната, а исто така и било оштетено нивното возило.

„ФФМ информира дека Комисијата за натпревари на ФФМ на денес одржаната седница донесе одлука според членовите 41,42 и 75 од Правилник за натпревари на ФФМ за СУСПЕНЗИЈА на Стадион „БАШКИМИ“ Куманово поради присуство на неслужбени лица на теренот веднаш по завршување на натпревар во рамки на 4 коло на Втора МФЛ помеѓу екипите на ФК Башкими 1947 АД – ФК Беласица АД одигран на 25.09.2024 година во Куманово.  Стадионот „БАШКИМИ“ Куманово е суспендиран се до донесување на одлука на ДК на ФФМ. Суспензијата стапува на сила веднаш.“, стои во соопштението на ФФМ.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk