Home » Фетаи ја поздрави одлуката на пратеничката Мимоза Муса да остане дел од пратеничката група на „Влен“

Фетаи ја поздрави одлуката на пратеничката Мимоза Муса да остане дел од пратеничката група на „Влен“

by Журнал.мк

Заменик-претседателот на Владата Арбен Фетаи вечерва ја поздрави одлуката на пратеничката Мимоза Муса да остане дел од пратеничката група на коалицијата „Влен“, оценувајќи ја како храбар чин со висок политички интегритет.

– Во едно предизвикувачко политичко време, кога многумина избираат молк или компромис, ти остана цврста во своите убедувања, лојална на дадениот завет пред 107.000 наши избирачи и на идеалите за промена. Ти си најдобриот пример за чесно претставување, каде што зборот, ставот и делото одат заедно. Ти си инспирација за младите генерации кои треба да научат дека политиката не само што може, туку и мора да биде чесна. Честитки за твојот интегритет и храброст. На Албанците им се потребни гласови како твојот, напиша Фетаи на Фејсбук.

Пратеничката Мимоза Муса од Алијанса за Албанците попладнево преку својот Фејсбук профил соопшти дека останува дел од коалицијата Влен што практично значи дека уште еден пратеник го напушта Арбен Таравари.

– Пред една година, на 8 мај, ја добив довербата од над 107.000 Албанци како пратеник на Алијансата за Албанците, на листата на коалицијата Влен. Овој мандат не е само бројка, тој е глас на народ кој е уморен од повеќе од 20 години владеење на ДУИ и кој постојано бара промени. Минуваме низ тежок политички период и со право многу поддржувачи, пријатели и соработници прашуваат: Со кого е пратеничката Мимоза Муса?, напиша Муса.

Додава дека нема да ја изневери довербата од гласачите.

– Нема да ја изневерам довербата што ми ја дадовте. Не сум тука поради лични интереси, туку да му служам со достоинство и одговорнист на секој гласач кој веруваше во оваа мисија. Промената започна и ние ќе продолжиме понатаму, посочува Муса во објавата.

Претходно, вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи и пратеникот Салим Сулајмани исто така соопштија дека го напуштаат Арбен Таравари.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk