Манифестацијата „Фестивал на костенот“ 2024, ќе се одржи во деновите 25 и 26 октомври 2024 година, на градскиот плоштад во Македонски Брод. Предвидено е манифестацијата да започне на 25.10.2024 година со почеток во 20:00 часот, со музичка изведба на локалните музичари Кико и Соци, потоа следува настап на Даниел Крстески, а по него групата „Инструментал“, музичката вечер ќе ја круниса со настап нашата музичка звезда Ламбе Алабакоски.
На 26.10.2024 година со почеток во 10:30 часот, предвидена е изложба „Златен костен“, која ќе се одржи во Домот на култура „Македонски Брод“, потоа следува дефиле до градскиот плоштад, а во 11:30 часот, предвидено е да започне богата културно-уметничка програма со учество на културно-уметнички друштва, групата „Кале“ и Никола Андрески.