Идните електрични супер автомобили на Ferrari би можеле да имаат звук на мотор со внатрешно согорување, судејќи според новооткриените патенти…
Производителот на автомобили знае колку звукот е важен не само за уживањето во возењето на неговите автомобили, туку и за начинот на кој возачот активно го контролира автомобилот. За да го реши проблемот, тој сака да ги засили вистинските звуци на електричните мотори.
Споменатиот патент се однесува на „патно возило опремено со уред за репродукција на звук кој може да се поврзе со електричен мотор“. За да ја постигне целта, се чини дека планира да го засили звукот од еден или повеќе електромотори вградени во задниот дел на возилото, пишуваат светските информативни агенции.
Аудио плеерот (уредот за репродукција на звукот) изгледа како еден звучник во близина на задната оска. Звукот што се репродуцира може да доаѓа од компонента на електричен мотор или од нешто сосема друго. Без разлика, се чини дека целта е да се поврзе она што физички се случува во погонската единица со самиот звук.
Засега технологијата е експериментална, но Ferrari веќе добива различни звуци врз основа на брзината на моторот. Дополнително, треба да биде во рамките на способноста на производителот на автомобили да го подеси ([штелува) звукот. Меѓутоа, зошто сета неволја? Ferrari исто така го објасни ова во документацијата.
Во спортски автомобил со високи перформанси, звукот што го произведува моторот е важен, за значителен дел од „задоволството при возењето“. „Звукот што го прави моторот им дава на возачите моментални повратни информации за условите на возилото и што треба да се направи за да се постигнат посакуваните перформанси.
Оние кои возат електрични автомобили веројатно ќе разберат дека недостатокот на бучава од моторот може да биде предизвик. Тој звук на моторот со внатрешно согорување може да му каже на возачот многу за состојбата на возилото. Треба да се напомене дека додавањето бучава кај електричните возила е нешто на што работат неколку марки на супер спортски автомобили