Home » Фенербахче загуби службено и ќе мора да плати казна од 116.000 евра!

Фенербахче загуби службено и ќе мора да плати казна од 116.000 евра!

by Lina Muslija

Дисциплинската комисија на Турската фудбалска федерација (ТФФ) одлучи Фенербахче да го загуби со 3:0 напуштениот меч од Суперкупот на Турција против Галатасарај, а ќе биде казнет и со четири милиони турски лири (116.000 евра), објавија турските агенции.

Во соопштението на ТФФ се наведува дека одлуките на комисијата се донесени во врска со финалниот натпревар од Суперкупот кој на 7 април се играше против Галатасарај, но беше прекинат поради повлекувањето на Фенербахче од теренот во втората минута.

Членот на управниот одбор на клубот Фенербахче, Ахмет Кетенци е суспендиран на 60 дена и казнет со 12.000 евра поради неспортско однесување со повлекување на тимот од натпреварувањето. Галатасарај е казнет со 25.000 евра поради инциденти на теренот и неспортското однесување на навивачите.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More