Home » Фејсбук се соочува со казна од 3,2 милијарди долари

Фејсбук се соочува со казна од 3,2 милијарди долари

by Журнал.мк

Мета платформи, која е сопственик на Фејсбук, се соочува со можна казна од Велика Британија.

По обвинувањата дека Facebook ја злоупотребува својата позиција на пазарот со цел да собере и користи лични податоци на 44 милиони корисници, компанијата Meta Platforms се соочува со тужба од Велика Британија.

Британското тело FCA, во име на сите жители на оваа земја кои користеле Фејсбук во периодот од 2015 до 2019 година, подготвува случај кој ќе биде изведен пред суд.

Фејсбук е обвинет дека заработил милијарди фунти со наметнување нефер услови на корисниците, барајќи од нив да ги предадат нивните вредни лични податоци.

Се посочува дека платформата собирала лични податоци на корисниците преку алатката Facebook Pixel, која им овозможила на огласувачите да ги следат навиките на своите корисници.

Фејсбук, од друга страна, тврди дека луѓето ги користеле неговите услуги затоа што им обезбедувал вредност за парите и додава дека Фејсбук има значителна контрола врз информациите што се споделуваат на платформите Мета и со кого се споделуваат.

Фејсбук, или Мета платформи, може да се соочи со казна од 2,3 милијарди фунти (околу 3,2 милијарди долари) во Велика Британија.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk