38
Полициски службеници од Полициската станица Центар вчера околу 16:00 часот го лишиле од слобода скопјанецот А.С.(26).
Тој бил затекнат при извршување кражба во една просторија на Клиниката за стоматологија во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Од МВР инфомираа дека А.С. бил приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.