Home » Фантастичниот дефанзивец на Ливерпул го „изневери“ Карагер: Имав дрес од Анри кога бев помлад

Фантастичниот дефанзивец на Ливерпул го „изневери“ Карагер: Имав дрес од Анри кога бев помлад

by Lina Muslija

Петтото коло во Лигата на шампионите беше комплетирано со натпреварите кои се одиграа во средата, од кои убедливо најинтересен и најследен беше оној на „Енфилд Роуд“.

Ливерпул на домашен терен го надигра Реал Мадрид и заслужено славеше со 2:0, но по остварниот триумф, најпопуларната емисија за Лигата на шампиони ни донесе и една симпатична конверзација меѓу Робертсон, Карагер и Анри.

Левиот бек на Ливерпул извонредно се справуваше со ѕвездите на Реал, меѓутоа реши да го „изневери“ Џејми Карагер во ситуација кога требаше да го бира својот омилен член од студиото на „Си-Би-Ес“.

Карагер му нагласи дека никој во две години не го избрал него за омилен, но и покрај тоа, Робертсон му даде предност на Тити.

– Морам да бидам искрен и да кажам дека кога бев помлад, имав дрес од Арсенал од Анри, – откри Енди.

 

 

 


You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk