20.8 C
Skopje
Sunday, June 20, 2021

Facebook ја засилува кампањата против дезинформациите за вакцините

Најчитани вести

Facebook повторно ја менува својата политика и најави неколку мерки за борба против дезинформациите за вакцините, вклучително и отежнато пронаоѓање на налози на Instagram, со кои се обесхрабруваат луѓето да се вакцинираат.

Facebook вчера соопшти дека ќе ги интензивира напорите за отстранување на лажните тврдења на својата платформа и на Instagram за Ковид-19, за вакцините против коронавирусот и генерално за вакцините.

Исто така, социјалната мрежа најави дека во својот „Информативен центар Ковид-19“ ќе почне да објавува линкови до локалните здравствени интернет страници со цел да им помогне на корисниците да утврдат дали ги исполнуваат условите за вакцина и како можат да ја добијат.

Најавата на Facebook уследи еден ден откако „Си-Ен-Ен бизнис“ објави дека Instagram продолжува да ги прикажува налозите на „антиваксерите“ во пребарувањето, а исто така лесно можат да се најдат Facebook групите кои се против вакцините. Тоа предизвика загриженост помеѓу американските експерти за јавно здравје, со оглед на тоа дека во САД се спроведува имунизација како дел од мерките за сузбивање на пандемијата со Ковид-19

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести