19.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Facebook го прикажа користењето на „невронските нараквици“ со AR очила (ВИДЕО)

Најчитани вести

Facebook ни покажа назнака за плановите што ги има со виртуелен интерфејс, базиран на технологијата на CTRL-Labs, стартап што Facebook го презема во 2019 година.

Видеото покажува нараквица која користи електромиографија (EMG) – што е снимање на електрични импулси од мускулите – за претворање на сигналите во активност – пишување, повлекување или играње видео игри, како што е симулаторот за стрелаштво. Нараквиците имаат и можност за вибрации, така што можат да прикажуваат повратна информација, што може да биде во вид на чувство на затегнување на лакот, бидејќи во реалноста, нараквицата вибрира на раката. Тоа би требало да прави овој систем подлабоко да го уфрли корисникот во искуството.

Facebook Reality Labs лансираше блог на тема прототип на овие нараквици, кои функционираат, едноставно речено, со помош на гестови наречени „кликови“. Тие би требало на едноставен начин, лесно да овозможат да направите акција која ќе се одрази на виртуелниот простор.

Со оглед на тоа дека во теорија со овие нараквици можете да пишувате во виртуелниот простор, се очекува и дека нараквиците со време ќе се прилагодуваат на вашиот начин на пишување, така што ќе знаат кога вашите букви притискаат некоја буква, на тој начин забрзувајќи го вашето чукање на тастатурата. Овие нараквици би требало да се најдат на пазарот во пар со AR очилата, на кои Facebook минатата година објави дека работи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести