33.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Facebook воведува ново правило за споделување текстови од веб-портали

Најчитани вести

Facebook преку Twitter соопшти дека воведува ново правило во рамките на кое почнува да испробува нов потсетник кој ќе ги праша корисниците дали сакаат да го споделат текстот кој се уште не го отвориле.

Имено, доколку се случи корисникот да не го отворил линкот што сака да го сподели, пред да го направи тоа ќе се појави порака која ќе го потсети да го прочита текстот.

Портпаролот на Facebook нагласи дека додатокот ќе дојде до севкупно шест проценти од корисниците, кои оваа социјална мрежа ја покренуваат преку Android.

„Денеска почнуваме со тестирање на начинор на промовирање на поинформирано споделување новинарски текстови. Доколку споделувате вест од линк што не сте ја прочитале, ќе ви пуштиме порака охрабрувајќи ве да го отворите и да го прочитате пред да го споделите со други“, стои во објавата на Facebook.

Поттикнувањето на луѓето да ги читаат вестите кои ги споделуваат може да се сфати како нова битка на Facebook против ширењето на дезинформациите против кои оваа платформа одамна се бори.

На тој начин пораката која ќе се појавува ќе го информира корисникот дека неотворањето на вестите кои се споделуваат може да има контра ефект бидејќи често насловите не ја откриваат суштината на целата сторија, а неретко и водат кон погрешен впечаток.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести