Home » Европско знаменце за законот за спречување на перење пари и финансирање тероризам

Европско знаменце за законот за спречување на перење пари и финансирање тероризам

by Журнал.мк

Владата пред пратениците ја стави потребата од носење на измените на законот за спречување перење пари и финансирање тероризам и тоа по скратена постапка со европско знаменце. Измените треба да ги имплменетира Министерството за финансии, а според Владата овој закон ќе значи усогласување на националното законодавство со Европската регулатива, ќе се исполни важен услов за пристапување на земјата до единствената област за плаќање во евра – СЕПА, а ќе се адресираат и недостатоците во актуелниот закон утврдени од комитетот MoneyVal при советот на Европа. Измените во пракса треба да значат дополнителна контрола при банкарските трансакции.

Предлог за измени на законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам:

„Наднационална проценка на ризик“ е проценка на ризикот од перење пари и финансирање тероризам што ја спроведува Европската комисија.

Ова значи и дека финансиските субјекти – банките и подружниците ќе треба да имплементираат програма за ефикасно намалување на ризикот од перење пари и финансирање тероризам, а како дел од програмата се наведени и следните точки:

Предлог за измени на законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам:

„Процедура и план на вршење на внатрешна контрола на спроведување на мерките и дејствијата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам соодветни на големината и видот на субјектот.“

Контролите вклучуваат одредби, според кои банките доколку добијат нецелосни или воопшто не добијат лични податоци од клиентите кои сакаат да извршат уплата ќе треба да ја прекинат соработката со клиентот, да ја известат народната банка и да утврдат дали тоа упатува кон сомневање за намера со перење пари или финансирање тероризам, за што ќе поднесат извештај до финансиската управа.

За сите утврдени неправилности, банките треба да ги известат органите на надзор при Mинистерството за финансии, а доколку не го сторат тоа предвидени се и казни. По констатирана состојба, лицата кои го вршат надзорот за сите утврдени неправилности се должни да го известат Јавното обвинителство.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk